Скопје чита: Познати датумите за Фестивал на книгата!

Љубителите на книги, покрај читањето, обожаваат да посетуваат и книжевни настани и обожаваат да ја подновуваат домашната библиотека. Е па еве една добра вест за сите љубители на книгите на кои им недостасуваше некој книжевен настан!

Под мотото „Скопје чита“, во периодот од 7. до 12. септември ќе се одржи Фестивалот на книгата, на кој според најавите, нè очекуваат многу изненадувања и попусти. Фестивалот на книгата ќе се одржи на отворено во Арена Борис Трајковски, (поранешен картинг). Работното време ќе биде од 10:00 до 20:30 часот, а билетите ќе чинат 50 денари.

Според најавите, посетителите ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Освен купување на книги и запознавање со нови наслови, организаторите најавуваат поразлична атмосфера со добрата музика на неколку DJ-и, додека за закуска и пијалак ќе се погрижи катчето Food & Drink каде ќе можете да се освежите со храна и пијалок, а освен тоа ќе има и специјализирано место каде ќе можете да си купите брендирани подароци.

Фестивалот на книгата звучи одлично, па оттаму со нетрпение очекувам да го посетам. Се гледаме таму! За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment