Се подготвува екранизација на „Џентлмен во Москва“!

Џентлмен во Москва“ е роман на Ејмор Тоулс (кај нас е издадена од страна на издавачката куќа „Култура“), кој направи вистински бум кога излезе и беше голем бестселер кога излезе во 2016 година. Многумина ја препорачуваа оваа книга низ текот на годините (особено за време на карантините во 2020 година, имајќи ја предвид тематиката), меѓу кои беа и познати личности како Барак Обама, Бил Гејтс и Том Хенкс. Имено, ова беше и книга која беше меѓу книгите кои Кафе и книги своевремено ја препорача на блогот.

Деновиве излезе информацијата дека ќе се снима екранизирација, односно серија заснована на романот, а главната улога ќе ја толкува познатиот актер Еван МекГрегор. Главното дејство на серијата ќе се врти околу грофот Александар Ростов кој е осуден од советските власти да живее во соба во хотелот „Метропол“ и дадено му е до знаење дека ако излезе од хотелот ќе биде убиен. Како и во романот, така и во серијата ќе го следиме Ростов и неговите години поминати во хотелот.

Како што се наведува во описот за заплетот, „градејќи нов живот помеѓу ѕидовите на хотелот, тој ја открива вистинската вредност на пријателството, семејството и љубовта.“

Магазинот „Холивуд Репортер“ пренесува дека МекГрегор, кој исто така е извршен продуцент на серијата, изјавил: „Се работи за неверојатна и прекрасна приказна и многу сум возбуден што ќе играм толку исклучителна улога.“

Се очекува дека серијата ќе ја има својата премиера во 2023 година.

Извор.

Leave a comment