Денес е 1 септември, првиот училишен ден – првиот ден од новата учебна година. 1 септември ги потсетува постарите на нивните училишни денови, а за дечињата ова е период на учење, безгрижност и градење многу пријателства.
Секако, највозбудени се првачињата кои го прават првиот чекор во училиштето, како и нивните родители.
Кафе и книги им посакува многу среќа и успешна учебна година на сите кои ја започнуваат учебната година, а особена среќа им пушта на првачињата и нивните родители.
По тој повод, денес на блогот ја читаме легендарната песничка „Прваче“ која за многумина од нас е симбол на детството, безгрижноста и преубавите детски денови.
Прваче
Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те чека учителка
со мајчински збор.
Букви, сказни, песнички
на секој нов час,
таа ќе ти кажува
со милослив глас.
Брзај, брзај прваче,
ѕвонче шири глас,
децата се собрале
за првиот час.

