Македонска поезија: „Не колни“ од Коле Неделковски!

На 2 септември 1941 година загинал Коле Неделковски, откако скокнал од зграда за да не се предаде во рацете на бугарската полиција. Коле Неделковски е еден од најреволуционерните македонски поети.

На 2 септември 1941 година, полицијата ја блокирала шесткатната зграда во која живеел. Коле Неделковски го уништил целиот материјал кој можел да ги загрози неговите пријатели и им дал вооружен отпор на прогонителите, но кога веќе бил фатен во безизлезна ситуација, тој се фрлил од прозорецот на својата мансарда, иако постојат сомнежи и некои тврдат дека полицајците кои го фрлиле од зградата.

Во негова чест, денес ја читаме неговата песна „Не колни“.

Не колни – Коле Неделковски

Затрај мое клето срце,
не тажи и не колни,
што се мое младо лице,
толку рано измени.

Нити колни образ свиден
в’бел свет што ме изведе,
А сред живот пуст и страден
темен гроб ја изеде.

Туку ајде в скрежни жили
налеј сила јунашка,
та со робја — браќа мили —
гнет да сринам крвнишки.

Leave a comment