„Те љубам на кирилица“ – Ова е главната порака на прекрасниот мурал посветен на еден од најзначајните македонски писатели – Петре М. Андреевски.

Центарот за култура „Илинден“ во Демир Хисар доби уште еден прекрасен мурал посветен на Петре М. Андреевски, кој потекнува од овој регион (с. Слоештица) и во чие творештво Демир Хисар со сите свои посебности се јавува како главен и никогаш непресушен мотив.
Муралот е дело дело на уметницата Дијана Колонџоска и нејзините ученици од СОУ „Крсте П. Мисирков” – Демир Хисар. Муралот е проект во рамките на конкурсот „Цртај на македонски јазик” поддржан од Министерството за култура.
