Македонска книжевна недела во „Или-Или“!

Издавачката куќа „Или-Или“ годинава го прославува својот 20 роденден, навистина голем и значаен јубилеј. Една од главните карактеристики на „Или-Или“ е нивниот силен фокус на македонски автори и авторки и нивното издаваштво на домашни книги, без оглед на тоа дали се романи, поезија или кратки-раскази.

По тој повод, годинава повторно организираат „Македонска книжевна недела“, која започнува денес и ќе трае сè до 24 октомври.

Тука може да го погледнете нивниот каталог и да си изберете некоја книга од домашни автори, и доколку сте во Скопје, можете да наминете во нивната книжарница и да си ја обновите домашната библиотека, а доколку не сте во Скопје, имате опција да нарачате од нивната веб-страница.

За повеќе информации следете ја нивната официјална страница на Фејсбук или официјалниот настан на Фејсбук.

Среќен роденден Или-Или!

Leave a comment