Венко Андоновски е еден од најчитаните и најпознатите современи македонски писатели. Неговото дело „Папокот на светот“ е еден од најчитаните и најпродаваните романи, со повеќе од 14 изданија, а во 2019 година објавен и на српски јазик. Венко Андоновски во 2018 година беше номиниран и за престижната Толстоева награда во Русија.
(Извор на сликата: Официјалната страница на Издавачки центар ТРИ на Фејсбук)
Меѓу останатите познати книги се и „Вештица“ (тука можете да прочитате убави извадоци од книгата), „Азбука на непослушните“, „Припитомување на кучката“, „Ќерката на математичарот“ и уште многу други. Тој исто така е познат и по неговите колумни во дневниот весник „Нова Македонија“.
Деновиве, издавачкиот центар ТРИ објави дека на 1 декември, ексклузивно во нивните книжарници, ќе излезе најновиот роман на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“.
Како што се наведува на нивната официјална Фејсбук страница:
„Папокот на светот“ ја обележа деценијата. „Папокот на светлината“ нека го обележи векот. Воедно, овој роман е и нов клуч за читање на претходниот, најнаградуваниот македонски роман.“
(Извор на сликата: Официјалната страница на Издавачки центар ТРИ на Фејсбук)
Нема многу информации за романот, освен кусиот опис:
Стариот свет е уништен. Моралните вредности ги нема повеќе. Затоа на сите ни е потребен овој роман-завет кон новиот продуховен свет.
Дали се радувате на ова ново издание?
Честитки од Кафе и книги за новата книга на Венко Андоновски, јас знам дека ќе се потрудам да ја прочитам што е можно побрзо!


