Георги Господинов на 1 декември гостува во Скопје!

Георги Господинов ѝ е многу добро познат на македонската читателска публика. Речиси сите негови дела се многу популарни и читани во Македонија, како на пример: „Физика на тагата“, „Сите наши тела“, „Природен роман“ и „Сè стана месечина“.

Господинов има навистина специфичен и топол стил на пишување кој прави целосно да се внесете во она што го пишува и раскажува и невозможно е да не ви измами насмевка.

Неговиот последен роман „Засолниште во времето“, во издание на Или-Или исто така беше вистински хит во Европа, а беше добро примен и во Македонија. Со цел да го промовира романот, Георги Господинов на 1 декември (четврток) ќе гостува во Скопје. Настанот ќе се одржи во Кино „Фросина“ (МКЦ) со почеток од 21 часот.

Модератор на настанот ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки: Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.

По промоцијата следува музички сет со Соња Исмаил.

Објавувањето на книгата како и гостувањето на авторот е кофинансирано од Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment