Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски!

Како што веќе објавив на блогот, Венко Андоновски се враќа на книжевната сцена со својот нов роман „Папокот на светлината“. Дваесет и две години од објавувањето на најнаградуваниот македонски роман „Папокот на светот“ и десет од последниот „Ќерката на математичарот“, Венко Андоновски блеснува со нов, мајсторски напишан роман кој, како што велат од ТРИ, „има моќ да го промени поредокот“.

По тој повод, на први декември, со почеток од 19 часот, во кино „Милениум“ ќе се случи промоција на новата книга на Венко Андоновски – „Папокот на светлината“. Од ТРИ со големо задоволство ве покануваат да им се придружите на овој голем настан на кој авторот ќе разговара со уште две значајни имиња од македонската книжевна и уметничка сцена – Винка Саздова и Игор Џамбазов.

Како што наведуваат во поканата, вратите се отворени за сите читатели – за сите кои низ годините уживале во зборовите, приказните, филозофијата на Венко Андоновски и сите кои сакаат да го најдат патот до новиот продуховен свет, а воедно и порачуваат: „Придружете ни се да ја заокружиме 2022 како година во која македонската книжевност врти нова страница, а човекот влегува во нов свет на духовни вредности“.

За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment