Денес на блогот читаме прекрасна македонска поезија, изборот падна на „Свештен страв“ од легендарниот Анте Поповски!
СВЕШТЕН СТРАВ – АНТЕ ПОПОВСКИ
Понеделник, вторник, петок…
И одеднаш некоја глупава исповед:
ми летнаа деновите…
Водици, Пречиста, Божиќ…
И одново таа исповед:
ми летнаа годините; остаревме…
Господи! Α да не остаревме?
Па зошто тогај таа возбуда
кога смислата е во тоа да се исчезнува?
Зашто не ние него – туку, тој,
животот нас нè изневери.
Тоа е барем јасно.

