Книжевниот центар „Антолог“ оваа недела има одличпна акција за сите оние кои сакаат да си ја освежат домашната библиотека. Под мотото „Јануари е за многу книги“, до 15 јануари имате одлична можност да си направите пакет со книги од „Антолог“.
Од „Антолог“ нудат два пакета за читателите во потрага по нови книги:
1. 5 книги за 699 денари (Каталог)
2. 10 книги за 999 денари (Каталог)
Како што наведуваат на нивната официјална страница на Фејсбук, можете да си ги набавите книгите преку посета на нивната книжарница или нарачајте онлајн преку www.antolog.mk
Доколку правите онлајн нарачка, одберете еден од пакетите (5 или 10 книги) и во коментар напишете ги насловите кои сакате да ви ги испратат, а доставата е бесплатна за нарачки над 1200 денари.
За повеќе информации следте ја официјалната страница на Антолог на Фејсбук.

