Видео: Слушнете како Ема Томпсон го чита нејзиниот омилен извадок од „Матилда“!

Ема Томпсон e една од најпопуларните британски актерки со неверојатна харизма и шарм, која сигурно ја знаете од многу филмови, како „Разум и чувства“, „Љубовта, всушност..“, а имаше улога и во популарниот филмски серијал за „Хари Потер“. Она што можеби не го знаете е дека таа всушност го напиша сценариото за екранизацијата на „Разум и чувства“ и за тоа доби Оскар за најдобро прилагодено сценарио во 1996 година.

Деновиве таа повторно е во центарот на вниманието со улогата во најновиот мјузикл „Матилда“, направен според истоимената книга на Роалд Дал (а во 90-тите имаше многу успешна екранизација со Дени ДеВито). Таа ја игра улогата на озогласената директорка на училиштето на Матилда, г-а Транчбул. Мјузиклот е во продукција на Нетфликс и можете да го погледнете на платформата на сервисот.

Во последниот период имаше промоција, па оттаму се случија многу интервјуа и настапи на луѓето вклучени во создавањето на оваа екранизација, а најинтересна од нив, барем за љубителите на книгата и љубителите на книги воопшто, е прилогот во кој Ема Томпсон го чита нејзиниот омилен извадок од книгата на Роалд Дал.

Подолу можете да го погледнете видеото и да уживате во одличната изведба на Ема Томпсон.

Leave a comment