Том Хенкс ќе го издаде својот прв роман во мај!

Том Хенкс е еден од најпопуларните и најсаканите холивудски актери. Оскаровецот е познат по многу филмови како „Форест Гамп“, „Спасувајќи го војникот Рајан“, „Филаделфија“ и многу други.

Последниве години тој се занимава и со продуцентска работа, а во 2017 за првпат се испроба и како писател со објавување на збирка кратки раскази.

(Извор на сликата: People Magazine)

Сега тој се враќа на книжевната сцена со неговиот прв роман, „Создавањето на уште едно големо филмско реме-дело“, кој ќе излезе во продажба во мај. CNN објави дека приказната се врти околу премиерата на еден филм во кој глумат големи ѕвезди и се работи за филм со супер-херои, а дејството се одвива од 40-ти години на 20 век до денешен ден. Издавачот на книгата вели дека приказната се врти околу еден војник кој по враќањето од војната се запознава со својот талентиран 5-годишен внук и потоа исчезнува.

За потребите на книгата, Хенкс создал и три стрипови кои ќе бидат вклучен во романот, а кои се дел од самата приказна. Самиот Хенкс ја објавил корицата на романот на својот профил на Инстаграм.

Извор.

Leave a comment