На 20 јануари 2000 година починал големиот македонски писател и поет Славко Јаневски. Во негова чест, денес читаме македонска поезија!
Тогаш ќе умре и љубовта – Славко Јаневски
Земјата ја пасе тревата
земјата ги лапа дрвјата.
Ќе се налапа зелено
и ќе си го постеле каменот да се исонча.
На тој голеж мисирот со песна лебедот ќе го посрами
водата во песок гроб ќе си подлока
секирите до небо ќе го кренат знамето.
Пред поетот лирски да запцуе
срцето со заби ќе си го сомеле
и со нокти по мевот ќе загребе –
Владо македонска каде ти се шумите?
Тогаш ќе умре и љубовта.
Зашто
луѓето сè погусто коренот си го брстат.
Едни одат
други доаѓаат
и се прогласуваат за секири.
Извор: Јаневски, Славко. „Одбрани песни“. Скопје: Мисла, 1982.

