Книжевните фаворити на Педро Паскал!

Педро Паскал моментално е еден од најпознатите холивудски актери, чија популарност вртоглаво порасна откако почна да се емитува серијата „Последните“ (The Last of Us) на ХБО. Тој веќе долги години е во филмскиот и телевизискиот свет, но во последниов период можете постојано да го сретнете неговиот лик на интервјуа, настапи, итн.

(Извор на сликата: LitHub)

Доколку сте обожаватели на серијата, или пак можеби и на него како актер, можеби ќе ве интересира фактот дека тој е навистина посветен и страстен читател. Неколку различни портали изминатиов период собраа неколку книги кои тој ги спомнувал во своите интервјуа и направија куса листа од неговите најомилени книги, па можеби нешто од оваа листа ќе ве инспирира за читање! Инаку покрај книги, во различни интервјуа има спомнато дека многу сака да ги чита и Тони Морисон, Џ.Д.Селинџер, Џејмс Болдвин и на своите профили има објавувано објави во нивна чест.

Во продолжение прочитајте ја листата на читање на Педро Паскал:

Злосторство и казна“ – Фјодор Достоевски
Сто години самотија“ – Габриел Гарсија Маркес
„Џејн Ер“ – Шарлот Бронте
„Ридот Вотершип“ – Ричард Адамс

Во интервју за „Редит АМА“, едно од прашањата кои му биле поставени е за тоа што сака да чита и ова бил неговиот одговор:

„Мислам дека едно од највеличествените дела што некогаш сум ги прочитал е „Злосторство и казна“ од Достоевски. Знам дека тоа звучи неверојатно, но да бидам целосно искрен, едноставно како да летаа страниците додека го читав романот. Кога бев дете, се сеќавам дека ја прочитав книгата наречена „Ридот Вотершип“. Тоа беше една од најтешките книги, книга која е на Ричард Адамс, а исто така ја сакам „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркез. Ја обожавам „Џејн Ер“, сакам сè од Џ.Д. Селинџер, обожавам да читам“.

Во други интервјуа или преку објави на социјални мрежи, ги има наведено и овие книги:

Мајсторот и Маргарита“ – Михаил Булгаков

„Френи и Зуи“ од Џ. Д. Селинџер

„Не гледај сега“ од Дафне де Мориер

„Друга држава“ од Џејмс Болдвин

„Уживај во проблемот“ и „Новата земја“ од Себастиано Маури

„Поривот: Нашата историја со зависноста“ – Карл Ерик Фишер

Извор.

Извор.

Leave a comment