Македонска поезија: „Пурпур“ од Лилјана Дирјан!

Денес читаме прекрасна македонска поезија и стиховите на Лилјана Дирјан!

Пурпур – Лилјана Дирјан

Тоа не може
да се опише ниту со отворени ниту
со затворени очи
тоа (за себе) црвено – бело – златно
топло оганче во зима
парче пурпурна ткаенина
што вжештува и запалува
кремен камен сред полиња снег
а време во присој
голема четворка придружена со нула
еден ирвас влече санка
остава трага во сонот
(и обратно може)
сонот остава трага во снегот
патувајќи на отворено
и неговата кошула се полни се ветер
и моето лице го губи
своето штотуку најдено (во него) парче сега
и сега таа разделеност
нови илјада милји во срцето

Извор на сликата: Pinterest

Leave a comment