Книжевен маскенбал за деца во „Кафе Литература“!

1 април е Светскиот ден на шегата и ова е ден кој е омилен за децата, па и за возрасните. По тој повод, под мотото „Маскирај се како омилениот лик од книгите“, во кафулето „Литература“ во „Ист Гејт Мол“ на 1 април, од 11 до 12 часот ќе има книжевен маскенбал за мали и големи деца!

(Извор на сликата: Литература.мк)

Како што е наведено на нивниот официјален настан на Фејсбук, од „Литература.мк“ ве покануваат на уникатно искуство и децата заедно со своите родители да дојдат маскирани во своите омилени ликови од детските приказни и да се забавуваат и дружат, да се фотографираат со картолината од најсаканите ликови и да добијат подарок за секое дете.

На веб-страница „Literatura.mk” можете да најдете и интересни предлог-маски како дел од нивната најава за настанот во сабота, па можете да се инспирирате и да се маскирате како некој од тие предложени ликови, а секако можете да си смислите и некоја ваша маска од некој интересен книжевен лик!

Во продолжение прочитајте го и остатокот од најавата:

Замислете за миг да живеете во светот на фантазијата, на херои за магични моќи, на детективи со изострени вештини, на самовили и на доброчудни вештерки?

Дали вашите малечки ја сакаат Исидора Мун, нејзината палава братучетка Мирабела, волшебникот Хари Потер, суперхероината со мачји супермоќи Кити, најдобриот детектив Шерлок Холмс или пак можеби мачката-нинџа Тото?

Да го одбележиме први април со најубавите приказни за деца.

Leave a comment