Драги љубители на книги, почнете да ги подготвувате вашите книжевни листи за освежување на домашната библиотека, бидејќи ги дознавме датумите на одржување на еден од најубавите книжевни настани во Македонија – Саем на книга!
Годинешното издание на еден од најомилените саеми во државата, ќе се одржи од 4 до 10 мај во арена „Борис Трајковски“.
Како што е наведено на официјалната Фејсбук страница на Скопски саем, под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“ годинава ќе се одржи 35. Меѓународен саем на книгата, во организација на Скопски саем со поддршка од Министерство за култура.
Сè уште не се познати многу детали, но следете го блогот, бидејќи ќе се потрудам да објавам што е можно повеќе информации со наближување на Саем на книга.
Јас сум многу среќна и веќе почнав да си ја подготвувам листата со книги!

