На денешен ден (14 април) во 1997 година починал Видое Подгорец, еден од најпознатите македонски современи писатели. Во чест на годишнината од неговата смрт, денес читаме прекрасни стихови од него!
Нема љубов – Видое Подгорец
Не минувај. Стани нешто налик на сон.
Времето во заборав нека се стопи.
Ти си на разуздани ждребиња од прапорци ѕвон
Во кој и тврдиот камен ќе се опие.
Нељубена ѕвездо! Откај толку жед
Во твоите очи за љубов?
Крај тебе сум јас залутана птица во бура, без глед,
Па сѐ ми е едноставно во животот груб.
Та што е срам? За така исчекан миг
Јас се стопувам в себе. И само еден лик
Ме плени. И само твојот лик ме плени.
И да е полето наше, по сите искласани ниви,
Ќе минеме како ветер со развеани гриви,
Но од таква љубов пак ќе бидеме неми.

