Промоција на „Ако се родат некакви чувства“ на Блаже Миневски!

Утре, со почеток од 12 часот, во „Матица Ексклузив“ ќе се одржи промоцијата на книгата „Ако се родат некaкви чувства“ на Блаже Миневски, книга посветена на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче.

Како што е наведено на официјалната Фејсбук страница на Матица, ова е прв роман, ремек-дело на македонската книжевност, во кој се објавени автентични сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка, за интимните моменти, за заедничките планови, но и за траумите кои им ги приредил животот.

На промоцијата ќе зборуваат Јордан Плевнеш, д-р Марина Мијаковска и Бранко Ставрев, додека пак извадоци од романот ќе чита актерот Владо Јовановски а музичкиот дел е резервиран за Драган Даутовски и Васил Атанасов.

Leave a comment