Доколку сте љубители на шпанската книжевност и култура, тогаш сигурно ќе ви се допадне настанот т.е средбата која ќе се случи утре (4 мај) со почеток од 18 часот во Europe House Skopje!
Амбасадата на Шпанија во Скопје заедно со Здружението на преведувачи и толкувачи, Групата за шпански јазик при Катедрата за романски јазици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Europe House, ја организираат средбата со шпанската писателка Карла де Ла Ла!
Во поканата на официјалниот настан на Фејсбук се наведува дека организаторите ги покануваат сите заеинтересирани „заеднички да позборуваме за творештвото на Карла, за нејзиниот творечки процес, како и за процесот на преведување низ кој поминаа студентите од Групата за шпански јазик при Катедрата за романски јазици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.“
На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски/шпански/англиски јазик.

