Пулицеровата награда за белетристика годинава доделена на две книги!

Пулицеровата награда традиционално се доделува од 1917 година во области како новинарството, книжевни достигнувања и музичка композиција. Годинава се случи нешто не толку вообичаено, па Пулицеровата награда за белетристика отидете во рацете на две книги: „Демонот Коперхед“ на Барбара Кингсолвер и „Доверба“ на Хернан Диаз.

Како што пренесува порталот „NPR“, во образложенијата се вели дека „Демонот Коперхед“ на Барбара Кингсолвер е „маестрално преобмислување на „Дејвид Коперфилд“ (роман на Чарлс Дикенс, м.з), чиј наратор е момче од племето Апачи, чиј мудар и непокорен глас ги изнесува неговите средби со сиромаштијата, зависноста, институционалните потфрлања и моралните колапси, како и неговите напори да ги надмине.“

Што се однесува на другиот добитник, „Доверба“ на Хернан Диаз, во соопштението се наведува дека се работи за „возбудлив роман сместен во една дамнешна Америка, кој ги истражува семејството, богатството и амбициите преку поврзани наративи пренесени низ различни книжевни стилови, се работи за сложено истражување на љубовта и моќта во земја каде што капитализмот е крал“.

Во областа на драмата, Пулицерот отиде во рацете на „Англиски јазик“ на Саназ Туси, „ненаметливо моќна претстава за четворица возрасни Иранци кои се подготвуваат за испит по англиски јазик во училиште во близина на Техеран, каде семејните разделби и ограничувањата за патување ги тераат да научат нов јазик што може да го промени нивниот идентитет и исто така може да претставува нов живот.”

Прочитајте кои се останатите добитници во областа на биографијата, поезијата, нефикцијата, како и останатите области кои не се книжевни на следниот линк.

Leave a comment