Во своите романи полни со фантазија, британскиот автор Џ.Р.Р. Толкин ја споил својата академска обука за јазици и љубовта кон раскажувањето приказни за да ја создаде Средната Земја, измислен континент населен со волшебници, џуџиња, орки, змејови, хобити, дрвја што зборуваат и други митски суштества.
Но, Средната Земја не живеела само во главата на Толкин: авторот на „Господарот на прстените“ бил и вешт уметник кој ги скицирал, сликал и мапирал световите што ги замислувал додека пишувал за нив. Многу од оригиналните илустрации во „Хобитот“ се создадени од самиот Толкин.
(Извор: Tolkien Estate / © The Tolkien Estate Limited)
Како што извести Сара Касконе за „Артнет“ и пренесено преку порталот „Смитсониан“, љубителите на Толкин сега можат бесплатно да погледнат избор од ретките уметнички дела на Толкин поврзани со „Господарот на прстените“ преку ново ажурираната веб-страница на „Имотот на Толкин“. Порталот, кој ја здогледа светлината на денот на 26 февруари, исто така им овозможува на гледачите да истражуваат документи, слики и аудио клипови поврзани со личниот живот на Толкин и неговите помалку познати активности како мапиграф, калиграф и уметник. Датумот на создавање на страницата исто така не е случаен, а во изјава за јавноста се наведува дека „26 февруари 3019 година беше „датумот во третото доба кога Дружината на прстенот беше беше запрена кај Амон Хен, и Фродо и Сем тргнаа на нивното осамено и застрашувачко патување до Мордор“.
Во истото соопштение се наведува и дека страницата содржи 12 претходно необјавени предмети, вклучувајќи ги и сликите на Толкин со цвеќиња и егзотични птици, нацрт-ракопис на „Синот на Беортнот Беортхелм се враќа дома“ (1953 години) и фотографии на авторот и неговото семејство.
Роден како Џон Роналд Руел Толкин во 1892 година, писателот останал сирак уште на млада возраст. Тој се борел во рововите за време на Првата светска војна по дипломирањето на универзитетот „Оксфорд“. Подоцна се вратил во Оксфорд како професор, стекнувајќи слава како лингвист и објавувајќи превод на староанглиската епска поема „Беовулф“. Елементите во „Беовулф“, строгото практицирање на римокатоличката вера и неговото пријателство со други британски писатели, како што е К.С. Луис, се наведени како големи влијанија врз „Господарот на прстените“.
Многу од книгите на Толкин започнале како приказни додека ги заспивал неговите четири деца: Џон, Мајкл, Кристофер и Присила. Толкин бил посветен татко и им цртал елегантни слики на своите деца кога биле мали и често им пишувал писма кога станале возрасни. (Овие цртежи и писма може да се видат на новата веб-страница.)
/https://tf-cmsv2-smithsonianmag-media.s3.amazonaws.com/filer_public/8d/0a/8d0a1e50-ca73-4db7-87d8-41dd2bc7c1f8/bilbo_comes_to_the_huts_of_the_raft-elves__the_tolkien_estate_limited_1937.jpg)
(Извор: Tolkien Estate / © The Tolkien Estate Limited)
Хариет Шервуд за „Гардијан“ вели дека Кристофер создал многу од мапите за „Господарот на прстените“ врз основа на деталните планови на неговиот татко. Тој бил назначен за книжевен извршител на Толкин и ја извршувал оваа работа сè до неговата смрт во 2020 година. (Толкин, пак, починал во 1973 година на 81-годишна возраст.) Најмалото дете и единствената ќерка на авторот, Присила, почина на 28 февруари, на 92-годишна возраст, според соопштението на „Здружението Толкин“, добротворно и книжевно друштво кое работи независно од „Имотот на Толкин“.
Толкин започнал да работи на ракописот кој подоцна станал „Хобитот“ во раните 1930-ти. Таа книга била толку успешна по нејзиното објавување во 1937 година, што издавачите на Толкин го охрабриле да пишува повеќе приказни за хобитите, кои тој ги опишал како ниски, нежни луѓе кои живеат во дупки под земја.
Овие последователни приказни станале „Господарот на прстените“, кој беше објавен во три тома помеѓу јули 1954 и октомври 1955 година и набрзо станала една од најпознатите фантастични серии на англиски јазик во модерната историја. До денес се продадени повеќе од 150 милиони примероци од трилогијата, која е преведена на десетици јазици.
/https://tf-cmsv2-smithsonianmag-media.s3.amazonaws.com/filer_public/e7/f8/e7f83dac-0654-4b62-b7c3-0c37b1fd5a5f/the_hill_hobbiton-across-the_water__the_tolkien_estate_limited_1937.jpg)
(Извор: Tolkien Estate / © The Tolkien Estate Limited)
Оние кои се заинтересирани да истражат повеќе за уметноста на Толкин можат да ја посетат „Толкин: Создавачот на Средната Земја“, онлајн верзија на изложбата за уметноста и животот на авторот од 2018 година која беше поставен во библиотеките „Бодлиан“ во Оксфорд. Повеќе од 100 слики и илустрации од Толкин се исто така достапни за разгледување на следниот линк: Џ.Р.Р. Толкин: уметник и илустратор, каталог од 1995 година, составен од истражувачите на Толкин, Вејн Г. Хамонд и Кристина Скул.
/https://tf-cmsv2-smithsonianmag-media.s3.amazonaws.com/filer_public/db/61/db61f6fa-bf36-480e-9e6b-a3b851c07f09/conversation_with_smaug__the_tolkien_estate_limited_1937.jpg)
(Извор: Tolkien Estate / © The Tolkien Estate Limited)

