На денешен ден, 16 мај, во 1898 година, се родила познатата српска поетеса Десанка Максимовиќ! Таа е една од најпознатите и највлијателните поетеси на овие простори, а нејзините песни и нејзината поезија се релевантни и денес.
Освен поетеса, таа била и раскажувачка, романсиерка и писателка за деца и има објавено околу педесет збирки поезија, низа песни и прозни дела за деца и младинци, раскази, романописецска и патописна проза. Една од нејзините најпознати песни е потресната „Крвава бајка“, која е инспирирана од вистински настан за време на Втората светска војна и е посветена на учениците на гимназијата во Крагуевац кои биле дел од 7.000 стрелани цивили од страна на германските окупациони власти на 21 октомври 1941.
Таа е првата жена добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1988 година.
Починала на 11 февруари 1993 година.
Во чест на датумот на нејзиното раѓање, денес на блогот читаме прекрасни стихови од неа.
Пролетна песна – Десанка Максимовиќ
Вечерва сеќавам, дури ги гледам ластовиците
и пупките рани,
како срцето лекум ми расте со птиците
ко видик во деној насмев што ги храни;
со билјето младо како е сè поголемо
и лесно ко крило,
и како едно небо цело среќа сторено
и пеколот на болот доволно не би му било;
како копнее по сè што животот би можел
убаво да му даде,
и ништо премногу да не му е, боже:
толку му се големи и копнеж и надеж.
Чувствувам дека досега сè беше сал шега
на срцетo мое врело,
дека уште никому љубов не сум дала
колку што би можела и колку би сакала;
дека има во мене цела нежна плима
зборови неречени,
дека од срцето мое да подарам имам
секому и пак доволно да има и за мене.

