По неколкугодишна пауза, повторно се организира „Фестивал на јадење книги“!

После неколку годишна пауза, Букбокс повторно организира „Фестивал на јадење книги“! Последното издание беше во 2019 година, кога темата беше „Книги и музика“, а потоа имаше пауза некое време. Темата на ова издание е „Јапонија во срцето“ – книги од и за Јапонија од секаков жанр, вклучително и манги. Настанот е поддржан од Japan@mk.

Настанот ќе се одржи на 20.05.2023 (сабота) од 12 часот (гласањето ќе започне во 13.00), во „Цреша Бар“.

За што се работи и како можете да учествувате?

Правилата на фестивалот се едноставни: подгответе нешто за јадење, пиење, грицкање, „лапни-голтни“, благо-солено-луто-умами, што асоцира на писател, лик или наслов на книга, напишана од јапонски автор или таква која има врска со оваа земја. По изложување на делата, публиката гласа, а потоа истите се дегустираат и се прогласува победник кој добива симболична награда.

Ова е дефинитивно еден од најкреативните настани што се одржуваат кај нас и навистина ви препорачувам да отидете, забавно и креативно до максимум!

На овој линк можете да ја погледнете галеријата од последното издание и да се инспирирате и да погледнете интересни и креативни замисли!

Извор.

Leave a comment