Во периодот од 25 мај до 10 јуни ќе се одржуваат „Денови на шпанска литература“.
Според објавата на Друштвото на писателите на Македонија, во овој период ќе има промоции и попусти на книгите од шпански автори низ книжарниците во Скопје и Македонија.

Имено, на 26 мај (петок), со почеток од 11 часот, ќе се одржи еден многу интересен настан посветен на шпанската книжевност. Настанот ќе започне со со поздравна реч на Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и Хосе Луис Лосано Гарсија, амабасадор на Кралството Шпанија во Македонија, по што ќе следува излагање на д-р Марина Мијаковска од Народната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје за објавените шпански автори и дела на македонски јазик.
По овие излагања, признанието Пријатели на ДПМ за преводите од шпански на македонски јазик и од македонски на шпански јазик ќе им биде врачено на на проф.д-р Огнена Никуљска и на амбасадорот Хосе Луис Лосано Гарсија и заменик шефот на Мисијата, Ернесто Хередеро дел Кампо – за презентацијата, афирмацијата, размената и соработката на шпанската и македонската книжевност, уметност и култура.
Настанот ќе биде заокружен со трибина на тема „Подотворениот прозорец кон Шпанија и шпанската литература“ на која учество ќе земат: проф.д-р Христо Петрески (модератор), проф.д-р Огнена Никуљски, проф.д-р Кристина Николовска, д-р Марина Мијаковска, проф.д-р Александар Прокопиев, проф.д-р Наташа Сарџоска, м-р Стефан Марковски, Никола Маџиров, Митко Гогов и Бети Пеева.
По трибината ќе следи коктел и дружење на учесниците.
Звучи како одличен настан, а за повеќе информации следете ја официјалната страница на Друштвото на писателите на Македонија, која беше и извор за овој текст.
