Македонска поезија: „Ако сведнам понекогаш глава“ од Ацо Шопов!

Летото ни се приближува со брз чекор, но сè уште имаме можност да уживаме во пролетните денови. Денес започнува нов месец, па да се надеваме дека јуни ќе ни донесе убаво време и убави моменти. Па така, на почетокот на новиот месец, денес на блогот читаме прекрасни македонски стихови, а изборот падна на Ацо Шопов.

Ако сведнам понекогаш глава – Ацо Шопов

Ако сведнам понекогаш глава,
понекогаш ако паднам в чмај,
и во мртви зеници се јават
мртва тага и злослутен сјај,–

о, не мисли осамена да си!
Радост носам исто ко и ти, –
тоа само ко ехо се гласил
некој спомен од детските дни.

И не иди! Не теши ме милно!
Сам ќе мине овој облак лош,
и очите ќе ми светнат силно
окапени во смеа и дожд!

Стихови за маката и радоста, 1952

Извор на сликата: Pinterest

Leave a comment