Денес ќе се случи промоцијата на новата поетска книга на поетот Јосип Коцев, кој последниве години го привлекува вниманието на читателската публика и е миленик на голем број од домашните љубители на поезијата. Новата стихозбирка се вика „Две мориња“ и денес ќе биде промовирана со почеток од 19 часот во книжарницата „Антолог“ (до средното училиште „Јосип Броз Тито“).
(Извор на сликата: Антолог)
Модераторка на настанот ќе биде Александра Јуруковска, додека пак стихови ќе читаат самиот Јосип Коцев и Биљана Стојановска.
Доколку сте љубител на добра поезија, наминете во Антолог!
За повеќе информации, следете ја официјалната Фејсбук страница на Антолог и официјалниот Фејсбук настан.

