И во 1929 и во 2008 година, економските експерти насекаде тврдеа дека знаат точно што прават, но ниту еден човек не можеше да ја поправи серијата грешки што ја урнаа светската економија. За да се избегнат идни финансиски катастрофи, една библиотека во Единбург, Шкотска, состави збирка со разумна економска стручна литература која има за цел да ја едуцира следната генерација економисти.

(Извор: Atlas Obscura)
„Библиотеката на грешките“ содржи над 2.000 книги, сите поврзани со економијата и финансиите. Малата, пријатна просторија што ја сочинува библиотеката е преполна со книги од писатели како Карл Маркс, Милтон Фридман, Пол Кругман и Мајкл Луис. Кумулативно, колекцијата се однесува на секоја земја на планетата.
Создавањето на „Библиотеката на грешките“ било инспирирано од Големата рецесија во 2008 година, која послужи како совршен пример за тоа како, според кустосите на библиотеката, „паметните луѓе продолжуваат да прават глупави работи“.
Библиотеката го промовира верувањето дека квантитативните економски алгоритми обезбедуваат лажно чувство на објективност и дека довербата во овие несовршени модели е рецепт за катастрофа. Книгите нудат шанса на читателите да се свртат кон финансиската историја како начин да учат од грешките од минатото наместо да се потпираат на тоа како економијата треба теоретски да функционира под нереални претпоставки.

(Извор: Atlas Obscura)
Мисијата на библиотеката е да им обезбеди попрецизно економско образование на студентите, како и сеопфатно разбирање на финансиската историја и разбирање за тоа како да ги користат книгите како ресурс за да се спречи нова рецесија.
Ако сте некој кој се грижи за светската економија, не треба да се сомневате дека посетата на „Библиотеката на грешките“ не би била грешка.
Доколку некогаш се најдете во Единбург, Шкотска и сакате да ја посетите, треба да знаете дека библиотеката е бесплатна и отворена за јавноста од понеделник до сабота од 9 до 17 часот. За да може да ги разгледувате книгите треба да бидете член, но тоа лесно можете да го сторите преку нивната веб-страница. Нивната веб-страница исто така е одлична алатка бидејќи можете да се информирате за претстојните настани како предавања, разговори, а голем дел од тие предавања се снимени во вид на интернет подкасти.
