Македонска поезија: „Претходница“ од Блаже Конески!

Денес на блогот читаме македонска поезија и стиховите на Блаже Конески!

Претходница – Блаже Конески

Не барам збор за ова што ни се случува.
Речи го: предавство, лудост, гадост, нискост.
Секој ќе плати за својот бес.
Пустошот што те чека
јас веќе го доживеав.
Не бој се. Не е страшно.
На крајот сеќаваш дури жал и блискост.

(Извор на сликата: Aesthetica Magazine)

Leave a comment