„Самоглас“ е првата платформа за аудио-книги за македонски јазик, која во 2020 година започна со работа. Во меѓувреме тие продолжија да растат, а најновото нешто е дека подготвуваат аудио-драми од Горан Стефановски, што е за огромна пофалба!
По тој повод, тие објавија конкурс за актер(к)и кои би глумеле во аудио-драмите, а тоа би се одвивало во рамки на проектот „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“ во кој е предвидено снимање на драмски текстови од Горан Стефановски во форма на аудиодрами, и тоа: „Дупло дно“, „Гоце“ и „Диво месо“, режирани од Дамјан Костовски, Владимир Николовски и Александар Ивановски.
(Извор на сликата: Официјалната Фејсбук страница на Самоглас)
Конкурсот ќе биде отворен до 21 јули 2023 година, а приоритет ќе им биде даден на актерки/актери кои се невработени т.е. не се во постојан работен однос со јавна институција од областа на културата.
За да се пријавите, треба да ја пополните електронската форма, а дополнително заинтересираните кандидати ќе треба да достават кратка аудио снимка со монолог од драмски текст на Горан Стефановски којшто тимот на Самоглас ќе им го додели на пријавените кандидати.
Како што е наведено од тимот на „Самоглас“, снимката не мора да биде изработена со професионална опрема, доволно е таа да биде снимена со мобилен уред. Изработената снимка треба да се достави на audicija.samoglas@gmail.com.
За повеќе информации – погледнете го овој линк и следете ја страницата на Фејсбук на Самоглас.
Со нетрпение чекаме да ги видиме резултатите од проектот! Кафе и книги посакува успех и лесна работа!

