Жална вест: Почина Милан Кундера

Утрово за жал го дочекавме со навистина тажни вести! „Њујорк Тајмс“ објави дека почина еден од најдобрите современи писатели, Милан Кундера!

Милан Кундера со своите романи длабоко навлегуваше во човековата природа, општествените системи, често го сатиризираше општеството во кое живееше, за што мораше и да замине во Париз каде живееше до крајот на животот.

(Radek Mica/AFP via Getty Images)

Според „Њујорк Тајмс“, Кундера починал вчера во Париз, на 94 години, а портпаролот на издавачката куќа „Галимар“, Кундера починал откако „долго се борел со болест“.

Милан Кундера беше најпознат по своите романи „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Шега“, „Животот е на друго место“, „Празникот на безначајноста“, „Книга за смеата и заборавот“, „Проштален валцер“ и уште многу други.

Има уште многу што да се пишува за Кундера, еден од најголемите книжевни великани на нашето време и на блогот се надевам во следниот период ќе му отстапам навистина голем простор.

Според мене навистина е неправедно што не успеа да ја доби Нобеловата награда за книжевност!

Во меѓувреме, да го славиме неговиот живот и дело и да се потсетиме на неколку интересни текстови на блогот:

Милан Кундера: „Човек кој се нашол надвор од светот, не е чувствителен на болката на светот!“

Милан Кундера: „Љубовта може да се роди и од една метафора!“

~ Мисла на денот ~

Во меѓувреме прочитајте го и одличниот текст во „Њујорк Тајмс“ кој исто така му отстапи голем простор посветен на неговите најпознати дела.

Leave a comment