Лето со книгите на Господинов во „Или-Или“!

По летниот книжевен бран во „Или-Или“, кога книги од нивната едиција „ПРОаЗА“ беа на попуст, следува уште една акција која е одлична во екот на овие пеколни горештини и во текот на летните одмори. Од „Или-Или“ најавуваат дека од денес, па сè до 31 јули, ќе имате одлична можност да ги набавите книгите на Георги Господинов кои се во нивно издание.

За оние кои не знаат, Господинов е многу актуелен кај нас веќе со години, неговите гостувања се секогаш исполнети до последно седиште, а освен тоа, неодамна ја доби „Меѓународната награда Букер“ за неговиот роман „Засолниште во времето“, за кој веќе пишував на блогот, а пред некое време го објавив и текстот „Прекрасни мисли од „Засолниште во времето“ од Георги Господинов!

(извор на сликата: Или – Или)

Доколку сакате топли човечки приказни, суптилна – но сепак јасна сатира на општеството, убави раскази – тогаш Господинов е авторот за вас. Јас лично сум голема обожавателка на неговите куси раскази, особено „Сите наши тела“ и „И сè стана месечина“, кои ми се омилени, но целото творештво на Господинов е едноставно прекрасно. Покрај овие две збирки раскази, ќе имате можност да ги набавите и романите „Засолниште во времето“, „Физика на тагата“, „Природен роман“, збирката „И други приказни“ и сликовницата „Свадби на животни и нешта“, која Георги ја направи со неговата 6-годишна ќерка Раја.

Книгите можете да ги набавите на нивната интернет страница или во нивната книжарница. За повеќе информации, следете ја нивната Фејсбук страница или официјалниот настан на Фејсбук.


Leave a comment