Македонска поезија: „Разминувања“ од Јосип Коцев!

Вчера на блогот, во објавата со препораки, напоменав дека ја прочитав и ја препорачав новата поетска збирка на Јосип Коцев, „Две мориња“. Уште сум инспирирана од некои од неговите стихови, па денес на блогот издвојив една песна која мене ми остави голем впечаток, можеби ќе ве поттикне да ги прочитате и останатите.

Разминувања – Јосип Коцев

Некои разминувања
треба да стојат во
учебниците по историја,
како најголеми настани
што никогаш не се случиле,
во географските атласи,
како реки што никогаш
не си ги измешале водите,
во градските планетариуми,
како светови што се пресекуваат
и крварат
на ист простор,
во сите различни времиња
сè до последната капка иднина.

Leave a comment