Детски книжевен клуб во Europe House Skopje!

По серијата настани од Книжевниот клуб на Europe House Skopje, следува уште еден интересен концепт, односно Книжевен клуб за деца (Book Club Europe House Kids). Со цел да се поттикне љубовта на децата кон пишувањето и творењето, како и кон книгите, овој книжевен клуб е наменет за најмалите, на возраст од 8 до 12 години.

Самиот настан е замислен како интерактивна работилница за креативно пишување на која децата ќе создаваат кратки приказни „кои сакаат да го обиколат светот“. Па доколку и вие имате малечко кое пројавува интерес за творењето или сакате да го поттикнете да твори и да ја развива креативноста, ова е одличен настан за тоа.

Настанот ќе се одржи на 17 август, од 18.30 часот, во просториите на Europe House Skopje (кај Делегацијата на ЕУ во Скопје). Сè што треба да направите е да го пријавите вашето присуство со пополнување на краток формулар.

Работилницата е производ на соработката на Europe House Skopje со Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“.

За повеќе информации следете ја страницата на Europe House Skopje на Фејсбук.

Извор.

Leave a comment