Промоција на „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска!

Лидија Димковска е македонска поетеса и писателка која во последниве години особено беше актуелна со поетската збирка „Црно на бело“ и романите „Скриена камера“ и „Резервен живот“, а за последниот ја доби и Наградата на ЕУ за литература во 2013 година. Сега таа ќе го промовира својот четврти роман „Единствен матичен број“ во издание на издавачката куќа „ТРИ“.

Промоцијата ќе се одржи во четврток (17 август), во кафе-бар „Филхармонија“, со почеток од 19.30 часот, а промотори на романот ќе бидат Виолета Танчева – Златева и Гоце Смилевски.

Како што се вели во најавата, ова е „уште еден во низата романи на Димковска во потрага по идентитетот и домот“, а организаторите велат дека сите заедно треба да „влеземе во оваа освестувачка приказна за нашиот свет што заборавивме да го сакаме“.

Да ја поддржува македонската книжевност!

Извор.

Leave a comment