Претстојниот викенд, од 18 до 20 август, ќе се одржи 35-тото издание на меѓународниот поетски фестивал „Поетска ноќ во Велестово“ и тоа на повеќе локации во Велестово и Охрид, а учество ќе земат околу 30 поети и уметници од пет земји.

(Извор на сликата: УМНО.мк)
Годинава фокусот е ставен на македонската поезија пишувана од жени, па затоа централниот настан ќе биде промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ во која се застапени дури 114 поетеси од повеќе етникуми, што твореле и творат на територијата на Македонија.
По промоцијата ќе има интернационално поетско читање на кое ќе настапат поети од Германија, Албанија и Косово, а веќе во 22 и 30 часот, на тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово ќе биде отворена ликовна изложба на македонскиот сликар Тони Попов.
Повеќе информации за програмата можете да најдете на линкот на umno.mk и Радио МОФ, како и на Фејсбук страницата „Поетска ноќ во Велестово“.
