Денес на блогот читаме прекрасни македонски стихови од прерано починатиот Игор Исаковски.
Од сино кон црно – Игор Исаковски
најди ме во мојата двојност
избери парче за себе
земи ме како што ми доликува
спотни уште оган во вртлогот
терај ме напред
кон сонцето и светлината
терај
биди силна како случаен избор
наврти го твојот извор кон мене
земај додека ме има
густ чад исцеди од мене
болскоти прибери
со твоите големи
дланки како градови
носи ме
како сок што се наведува

