Од 15 до 17 септември ќе се одржи фестивалот „АртАреа/Артерија“!

Викендов што претстои нè oчекува одлична програма за сите љубители на книжевност, уметност и убави настани! Од 15 до 17 септември ќе се одржи седмото издание на фестивалот АртАреа/Артерија и тоа на две локации – МКЦ (16 септември) и кафе-книжарницата „Буква“ (15 и 17 септември). Годинава, по повод 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, фестивалот е фокусиран на градот Скопје.

(Извор на сликата: официјалната Фејсбук страница на Бегемот)

Како што се наведува на официјалниот настан на Фејсбук, посетителите ќе имаат можност да проследат три фестивалски денови со по три настани во секој од нив. Па така, во програмата се предвидени пет книжевни промоции на тројца македонски и двајца странски автори, промоција на стрип, поетско читање, два музички настапи и две изложби.

Подолу погледнете ја и програмата и распоредот на настани.

Во МКЦ галерија, од 15 до 17 септември ќе има изложба на поштенски разгледници, слајдови и урбанистички планови „Од Варшава до Скопје“.

Во кафе-книжарница „Буква“ од 15 до 17 септември ќе има изложба на фотографии „Pars-mea“ од Андријана Антова

На 15.09.2023 во кафе-книжарница „Буква“ ќе се одржат следните настани:

19:00 Промоција на „Мина“ од Игор Анѓелков (Или-или, 2023; промотори Ана Мартиноска и Максим Ристески)

20:00 Промоција на „Рудникот“ од Миодраг Мајиќ (Антолог, 2023; промотори Јордан Коцевски и Душко Крстевски)

21:30 Скопје радост ти ќе бидеш – музички радости со Марсо

На 16.09.2023 во МКЦ, Кино Фросина ќе се одржат следните настани:

19:00 Промоција на „Рефлексии“ од Тони Димков (Бегемот, 2023; промотор Атанас Конески)

20:00 Промоција на книгата „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска (Бегемот, 2023; модератор Филип Димевски; учествуваат Кинга Нетман-Мултановска и Павел Вељаноски)

21:30 Џез концерт „Јузефчо трио“ (Филип Букршлиев гитара, Благојче Томевски бас кларинет, Нинослав Спировски тенор саксофон)

На 17.09.2023 во кафе-книжарница „Буква“ ќе се одржат следните настани:

19:00 Пинг-понг промоција на стрипот „Скопје за почетници, добро упатени и понављачи бр.3“ од Ѓорѓе Јовановиќ и Иван Шопов (Бегемот, 2023)

20:00 Промоција на „Плачеш како кит“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2023; промотор Петар Андоновски)

21:30 Поетска епизода#7・Поетите за Скопје (организатор Култура Бета)

Програмата е навистина интересна и верувам дека секој ќе си најде по нешто за себе! За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук!

Leave a comment