Јун Фосе е добитник на Нобеловата награда за книжевност!

Шведската академија денес објави дека норвешкиот писател Јун Фосе е добитник на Нобеловата награда за книжевност, најпрестижната книжевна награда! Како што се наведува во соопштението, Џон Фосе ја добива оваа награда „за неговите иновативни драми и проза кои му даваат глас на неискажливото“.

Во соопштението се наведува и дека неговото огромно творештво е „напишано на норвешки Нинорск и опфаќа различни жанрови се состои од богатство на драми, романи, збирки поезија, есеи, книги за деца и преводи“.

Фосе е роден во Норвешка во 1959 година и „во неговото радикално намалување на јазикот и драматичното дејство, тој ги изразува најмоќните човечки емоции на вознемиреност и немоќ во наједноставните секојдневни зборови. Токму преку оваа способност да се предизвика губење на ориентацијата на човекот, и како тоа парадоксално може да обезбеди пристап до подлабоко искуство блиску до божественоста, тој се смета за главен иноватор во современиот театар.“

Повеќе информации можете да најдете тука.

Leave a comment