Недела на италијанска книжевност во „Или-Или“!

Одлична вест за љубителите на италијанската книжевност и оние кои се во потрага по нови и интересни четива за читање и освежување на домашната библиотека. Од денес, па сè до 22 октомври, во „Или-Или“ ќе имате можност да си одберете наслови од италијанската книжевност во издание на „Или-Или“.

Оваа акција се спроведува во склоп на одбележување на „XXIII недела на италијанскиот јазик во светот“.

Книгите кои ќе бидат на намаление се:

Колибри“ и „Тивок хаос“ од Сандро Веронези, „Тупаници“ од Пјетро Гроси, „Отпорот е залуден“ од Валтер Сити, „Болка од камен“ од Милена Агус, „Каналот Мусолини“ од Антонио Пенаки, „Свеста на Ѕено“ од Итало Звево и „Вимблдонскиот стадион“ од Даниеле дел Џудиче.

Разгледајте ги насловите и одберете си нешто за домашната библиотека.

Извор.

Leave a comment