Неделава ќе има промоција на две нови книги!

За љубителите на книги и поддржувачите на македонската книжевност и писател(к)и, неделава ќе има две промоции на книги, па можеби некоја од нив (а можеби и двете) ќе ви фатат око.

Двата настани се на 25 октомври (среда), само локацијата и саатницата се различни.

Во продолжение прочитајте ги кусите најави за двата настани:

1. Промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски во Клуб Матица

Датум: 25 октомври (среда) со почеток од 18 часот, во клуб „Матица“ (Булеварот на книгите)
Опис: Промоцијата на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски, со која книгоиздавателството „Матица македонска“ ја одбележува 30-годишнината од физичкото заминување на Блаже Конески. Промотори на книгата ќе бидат универзитетските професори Венко Андоновски и Димитар Пандев, а за настанот е подготвена и музичка програма на Драган Даутовски.
За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук

2. Промоција на книгата „Цепај сине“ од Зоран Спасов-Ѕоф

Датум: 25 октомври (среда) со почеток од 20 часот во „Станица 26“
Опис
: Промоција на новата книга „Цепај сине“ од Зоран Спасов-Ѕоф. Водел на настанот ќе биде актерот Александар Микиќ, а за атмосферата ќе се погрижат специјалниот гостин Драган Мијалковски и групата „The Ringtones“. „Цепај сине“ е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Се работи за толковен шеговит речник во манирот на претходната книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Џабе живиш у Скопје“. Според соопштението,„ „во оваа книга се застапени две илјади поими, изрази и фрази што на шеговит начин ги претставуваат нашите хумор и менталитет. Целта на авторот е да го реактуализира скопскиот „јазик“ и кај читателите да разбуди некои одамна заборавени чувства.“

Средствата од продажбата, како и досега, Зоран Спасов-Ѕоф ќе ги донира во хуманитарни цели. На оваа ѝ претходат уште пет хит-книги: „Џабе живиш у Скопје“, „Торонто експрес“, „Тито, мојот претпоследен херој“, „Некогаш, некаде“ и „Тибам штркот“.
За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук и официјалното соопштение.

Leave a comment