Неколку совети од Курт Вонегат за пишување кратки раскази…

Курт Вонегат е еден од најпознатите американски писатели од 20 век. Неговите дела имаат оставено силен печат врз светската книжевност, особено „Кланица пет“ која мене ми е една од омилените книги кои некогаш сум ги прочитала. Освен тоа, тој имал и впечатлив карактер и интересен хумор, па никогаш не било досадно да се слуша како тој зборува за одредени работи.

Покрај тоа, и неговите совети за пишување секогаш биле многу интересни, како на пример, во магистерскиот труд што го отфрлил Универзитетот во Чикаго, тој го изнесол привлечниот аргумент дека „приказните имаат форми што можат да се нацртаат на милиметарска хартија и дека обликот на приказните на дадено општество е барем исто толку интересен како и обликот на неговите саксии или врвови на копја“.

Во едно Јутуб видео, можете и да ги чуете неговите осум совети за создавање добар краток расказ, а во продолжение прочитајте ги неговите совети на македонски јазик:

  1. Времето на целосните странци треба да биде искористено на таков начин што тој или таа нема да почувствуваат дека времето им е залудно потрошено.
  2. Дајте му на читателот барем еден лик за кој може да навива.
  3. Секој лик треба да сака нешто, дури и ако е само чаша вода.
  4. Секоја реченица мора да направи една од две работи – да го открие карактерот или да го унапреди дејството.
  5. Започнете што е можно поблиску до крајот.
  6. Бидете садисит. Колку и да се слатки и невини вашите водечки ликови, направете да им се случат ужасни нешта – со цел читателот да види од што материјал се направени.
  7. Пишувајте за да задоволите само една личност. Ако отворите прозорец и водите љубов со светот (така е зборот), вашата приказна ќе добие пневмонија.
  8. Дајте им на вашите читатели што е можно повеќе информации што е можно поскоро. Неизвесноста нека оди по ѓаволите. Читателите треба да имаат толку целосно разбирање за тоа што се случува, каде и зошто, што би можеле сами да ја завршат приказната, доколку бубашваби ги изедат последните неколку страници.

Вонегат ги дал своите совети во воведот на неговата збирка приказни од списанија од 1999 година, „Bagombo Snuff Box“. Но, за секое правило (добро, речиси секое правило) има исклучок. „Најголемиот американски раскажувач од мојата генерација беше Фланери О’Конор“, напишал Вонегат. „Таа ги прекрши практично сите мои правила освен првото. Големите писатели имаат тенденција да го прават тоа“.

Погледнете го и видеото во продолжение.

Извор.

Leave a comment