In Memoriam: Метју Пери (1969 – 2023)

Вчера светот беше шокиран од веста дека Метју Пери почина на 54 години. Метју Пери беше најпознат по неговата улога во популарната серија „Пријатели“, која одбележа голем дел од младоста на многу луѓе ширум светот. Чендлер Бинг е еден од најлегендарните ликови кои се појавиле на телевизиските екрани, чии реплики и ден денес се дел од популарната култура и сè уште се споделуваат.

Но, покрај планетарната слава, Метју Пери со децении се борел и со зависноста од алкохол, таблети и дрога и неколку пати бил на работа на смртта. Со цел да крене свесност за опасностите и да ја сподели неговата приказна, тој го објави својот мемоар „Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто“ која кај нас беше објавена во издание на„ „Антолог“. Мемоарот се најде и на мојта листа на препораки токму овој месец.

Еден од првите текстови на блогот беше токму за интересни моменти од серијата „Пријатели“ поврзани со книги.

Со оглед на тоа дека Метју Пери навистина ми беше многу драг актер и навистина ме потресе неговата смрт, одлучив денес на блогот да споделам неколку мисли од неговиот мемоар, кои навистина ја доловуваат неговата тага и болка, како и борбата со себеси.

Почивај во мир!

Leave a comment