Влада Урошевиќ е еден од добитниците на наградата „13 ноември“!

Познатиот македонски писател и академик Влада Урошевиќ годинава ќе се закити со уште едно високо признание, а тоа е наградата „13 ноември“ кое Градот Скопје традиционално ја доделува по повод Денот на ослободувањето на Скопје, уште од 1955 година и тоа на истати жители во повеќе области од јавниот живот.

Влада Урошевиќ е добитник на оваа награда во областа на публицистиката. Како што пренесоа медиумите, во соопштението се наведува дека од Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ во поглед на добитниците и процесот изјавиле:

„Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на Одлуката за работењето на Одборот, се вели во соопштението.“

Покрај академик Влада Урошевиќ, останатите добитници се:  

  • од областа на образованието и воспитанието – проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска
  • од областа на културата – Благој Чоревски
  • од областа на науката – проф. д-р Елка Јачева-Улчар
  • од областа на уметноста – Ѓорѓи Цуцковски.
  • од областа на здравствената заштита – проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети
  • од областа на хуманитарната активност – музичкото дуо ДНК, составено од Андреја Андреј и Панчо, како и Елена Божиновска
  • од областа на социологијата – Али Пајазити и
  • од областа на спортот – Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје.

Како за потсетување, ова е исклучително плодна и успешна година за академик Урошевиќ, кој покрај објавените и одново објавените дела, се закити и со „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, а неговиот роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022 година.

Искрени честитки до академик Влада Урошевиќ и сите останати добитници на наградата „13 ноември“!

Извор.

Leave a comment