Претставата „Момчето во пругасти пижами“ гостува на сцената во МНТ!

За сите љубители на книги, историја и добри претстави, во петок (24 ноември), на големата сцена во МНТ, со почеток од 20 часот, ќе се одигра претставата „Момчето во пругасти пижами“ во изведба на драмското студио „Летечка театарска трупа“ од Тетово, претстава која во септември имаше премиера во Тетово и е дел од нивните активности за одбележување 15 години постоење.

Оние читатели кои сакаат историски драми, можеби и веднаш ќе се сетат на насловот, бидејќи претставата е прилагодена од книгата „Момчето во пижами на риги“ од авторот Џон Бојн, роман кој стана вистински бестселер и не остави никого рамнодушен, а во 2008 година излезе и филмската екранизација на книгата.

Носечка порака на оваа претстава е дека „сегашноста ретко му простува на минатото“, и преку градењето на ликовите и самата приказна, човек станува уште посвесен за хорорите на нацизмот и Холокаустот. Како што се вели во најавата за претставата, „Момчето во пругасти пижами“ „се обидува да застане на браникот на колективната меморија на човештвото пред тоа да умре од цивилизациска деменција“.

Режисер на претставата е Владимир Јовановски, додека пак процудент е Зоран Јовановски. Доколку сакате да прочитате повеќе за претставата и актерите и актерките кои играат во неа, тоа можете да го сторите на официјалната веб-страница на МНТ. Цената на билетот е 300 денари, а можете да го набавите на билетарницата на МНТ или да си ги купите од платформата за купување карти на МНТ.

За повеќе информации, следете го официјалниот настан за претставата на Фејсбук.

Leave a comment