Дали сте чуле за библиотеката „Атенаум“?

Библиотеката „Провиденс компани“ била основана во 1753 година од жители на градот Провиденс во САД кои сакале да читаат, но не можеле да си дозволат сами да ги купуваат книгите од Европа. Пред градот да воспостави јавна библиотека каде луѓето ќе можеле да зајмуваат книги, оваа организација им овозможувала на членовите пристап до светот преку заеднички книги за мала надокнада. Библиотеката на крајот отворила и продавница во Атенаум (именувана по грчката божица Атена) во 1836 година. Оттогаш таа се смета за институција.

Како што известува порталот „NPR”, дента кога била отворена библиотеката, „граѓаните на Провиденс доброволно стоеле повеќе од два часа за да го слушаат обраќањето на еден од нејзините основачи, Френсис Вејланд, долговечниот претседател на Универзитетот Браун.“ Меѓу другото, тој кажал: „Бог изобилно го расфрлил семето на извонредната способност меѓу сиромашните исто како и меѓу богатите“.

(Извор на сликата: John Souza/J.S.Photography)

Нека не ве залажуваат неокласичните столбови и името. „Атенаум, или „Ат“ како што ја нарекуваат некои од редовните посетители, е за секого. Секој ден, секој може да влезе и да ги прелистува купиштата книги, кои вклучуваат скапоцени примероци како што е изданието на „Лисја од трева“ од 1855 година (содржи белешки со ракопис на Волт Витман), „Книга за астрономија“ од 30-ти години на 19 век и детската книга „Книга за забава за момчиња“ од регентската ера.

Уметничките дела ги красат ѕидовите на зградата. Огромен портрет на Џорџ Вашингтон е поставен над читалната, додека друг ѕид е украсен со насликана книжевна плакета од „Гарванот“ насликана од Едуард Мане. Библиотеката има и сопствен удел од книжевната историја, покрај книжевните томови кои ги содржи. На пример, поетесата Сара Хелен Витман го прекинала своето додворување со Едгар Алан По токму тука, а писателот Х.П. Лавкрафт ја посетил многу пати, па дури и им пишувал на пријателите за шармантната мала библиотека во Провиденс.

„Атенаум“ сè уште функционира како библиотека, но исто така е многу повеќе од тоа. Во неа се одржуваат музички настани, забави, старомодни салони и ораторски настани, а сето тоа се одржува меѓу прекрасните викторијански полици. Бистите на Цицерон и Атина носат дури и костими. Таа е исклучително важен културен простор во Провиденс, а јавните програми ѝ донесоа на институцијата репутација на „библиотека од 19 век со душа на рејв-забава од 21 век“.

Извор.
Извор 2.

Leave a comment