Македонска поезија: „Ноќта“ од Ацо Шопов!

На 20 декември 1923 година се родил еден од најголемите македонски поети Ацо Шопов. Годинава беше и прогласена за година на чествување на Ацо Шопов и имаше голем број активности и настани поврзани со неговиот лик и неговото творештво. За да ја заокружиме годинава и овој јубилеј, денес на блогот, токму на денот на неговото раѓање, читаме негови стихови.

Ноќта – Ацо Шопов

1.
Co лажна убавина ги обвива предметите
и им дава облик на вистинско збивање.
Ги измамува луѓето… и само сo поетите
има допир силен ко најприсно сливање.

Caл нив им ги отвора широко зениците
топли од сонувања за дни недонесени,
меѓу сите предели ги брише границите…
Затоа поетите гледаат занесени.

2.
Ноќта е заборав, заборавот успивање,
кога сите мисли на праг ги оставаме.
Денот клика возбудено: памети ме, памети ме,
ко пролетни води твое сум разливање,
a ноќта: пополека сè да забораваме.

Leave a comment