Новогодишни книжевни радости во „Или-Или“!

Денес е последниот понеделник од 2023 година, останаа уште само неколку денови пред да влеземе во новата 2024 година. Ова е период и на многу предновогодишни забави, но и време за читање и опуштање. Доколку периодов сте во потрага по нови четива и можност за освежување на домашната библиотека, или пак сте во потрага по новогодишен подарок (а има ли подобар подарок од книга?!), во следниот период наминете во книжарницата „Или-Или“, бидејќи започнуваат традиционалните новогодишни книжевни радости.

(Извор на сликата: Или-Или)

Новогодишните книжевни радости во „Или-Или“ започнуваат денес, а ќе траат сè до 13 јануари, и тоа значи дека ќе имате можност да си набавите наслови со попуст од 10 до 70%.

Како што наведуваат во нивната официјална објава, годинава „Или-Или издадоа 16 книги во различни едиции и реиздадоа 4 романи. Покрај тоа, на читателите им порачуваат:

Ве очекуваме во дуќан со насмевки да ја испратиме старата 2023 и да ја дочекаме новата 2024 година.

Освен во нивната книжарница, можете да нарачате и преку интернет, на нивната веб-страница.

За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Или-Или или официјалната Фејсбук страница на Или-Или.

Leave a comment