Книга во сопственост на Џејн Остин беше ставена на аукција!

Бидејќи Џејн Остин немала формално образование, таа станала незаситна читателка на книгите во библиотеката на нејзиниот татко. Никој не знае што станало со овие текстови – со неколку исклучоци. Сега, еден од тие исклучоци можно е да бил продаден на аукција за дури 150.000 долари.

Во периодот од 4 до 8 декември беше отворено наддавањето за личниот примерок на Остин од „Куриозитетите на литературата“ на Исак Д’Израели. Книгата го носи потписот на Остин на насловната страница и има ознаки со моливи на приближно 15 делови од текстот. Сè уште нема информации за тоа кој е купувачот и за колку се продала оваа книга на аукцијата.

(Извор: Sotheby’s)

Томот бил во приватна сопственост уште од 40-тите години на 20 век. Преку аукцијата на Сотби, која траеше до 8 декември, книгата првпат станала јавно достапна.

Книгата првпат била објавена во 1791 година, а порталот „Вредни книги и збирки“ вели дека „Куриозитетите на литературата“ е збирка „анегдоти за историски личности и настани, необични книги и навиките на собирачите на книги“.

Остин најверојатно црпела инспирација од книгата за своите дела. Неколку од означените делови, како: „За поубавиот пол без душа“, „За придавката ‘убава’“ и „Англиски дами“ – се чини дека „се поврзуваат со литературните преокупации на Остин“, пишува Ерик Гросман од Барон.

Како резултат на тоа, примерокот „дава увид во преокупациите на авторката како читателка, како и врз нејзиниот процес како писателка“, вели Калика Сендс, меѓународен специјалист за книги и ракописи на Сотби.

(Извор: Sotheby’s)

Он достапните информации, зачувани се околу 20 наслови од личната колекција на Остин, што според Сендс ја прави продажбата „неверојатно посебна“.

Овој конкретен примерок на „Куриозитетите на литературата“ сè уште ја има својата оригинална ткаенина, иако претрпела одредени оштетувања од абење и вода со текот на годините.

Родена во 1775 година во Хемпшир, Англија, Остин поминала голем дел од своето детство читајќи, и тивко за себе и гласно пред нејзиното големо семејство. Нејзината љубов кон пишувањето ја открила уште на 12-годишна возраст, кога почнала да создава песни и пародии.

Таа често ги означувала книгите додека читала, а слични прибелешки има и во други книги. Една од нив е „Камила: Слика на младоста“ од Френсис Барни, која е дел од збирките на Бодлианската библиотека на Универзитетот во Оксфорд. Остин, исто така, подвлекла делови од нејзиниот примерок на „Самоконтрола“ од Мери Брунтон, која се наоѓа во колекцијата „Најт“ во Алтон, Англија.

(Извор: Sotheby’s)

„Остин има волшебна способност да заинтересира многу различни читатели од различни причини“, вели Џулиет Велс, книжевен научник од колеџот „Гуче“. „Нејзините романи имаат хумор, но и вистинска морална сериозност. Нејзините ликови се чудесно препознатливи за читателите ширум светот и покрај тоа што се создадени пред повеќе од 200 години од Англичанка“.

Претходно оваа година, имотот каде што се родила Остин беше ставен на продажба. Остин токму во селскиот дом во Хемпшир, Англија, ги усовршувала своите интереси и како читателка и како писателка. Тоа е, исто така, местото каде што таа ги создала неколку од нејзините најпознати романи, вклучувајќи ги и „Гордост и предрасуди“, „Опатијата Нортангер“ и „Разум и чувствителност“.

Извор.

Leave a comment